Инструкция для Al-ko BC 4535 II-S Premium (112940), BC 4535 II-S Premium :: Страница 245 из 260
Service-Instruction.ru
инструкции pdf и руководства пользователя читать онлайн
background image

Операција

440 247_a

245

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Употребувајте 

само 

оригинални

ножеви  за  сечење  и  додатоци!

Неоригинални  делови  можат  да

доведат  до  повреди  и  пречки  при

функционирањето на апаратот!

Исклучете го моторот

1. Ослободете ја рачката за гас и оставете го

моторот да работи со празен од.

2. Притиснете го прекинувачот за палење на

„STOP“.

ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Опасност од повреда!

Моторот  продолжува  да  работи  по

исклучувањето.

Продолжување на конецот за сечење

1. Дозволете  моторот  да  работи  со  полн

гас  и  туркајте  ја  главата  на  конецот  кон

површината.

➯

Конецот 

автоматски 

се

продолжува.

ADVICE

Ножот  на  заштитната  табличка

го  крати  конецот  на  допуштената

должина.

Чистење на заштитната табличка

1. Исклучете го апаратот.
2. Внимателно  отстранете  ги  остатоците  од

косењето со шрафцигер или слично.

ADVICE

Чистете  ја  заштитната  табличка

редовно  за  да  спречите  прегревање

на цевката од дршката.

ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА

Филтер за воздух

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Апаратот  никогаш  да  не  работи  без

филтер  за  воздух.  Редовно  чистете

го  филтерот  за  воздух.  Оштетениот

филтер заменете го.

1. Отстранете  ја  ѕвездестата  завртка,

тргнете го капакот и извадете го филтерот

за воздух.

2. Филтерот за воздух исчистете го со сапун

и вода. Не употребувајте бензин!

3. Оставете  го  филтерот  за  воздух  да  се

исуши.

4. Монтирајте  го  филтерот  за  воздух  во

спротивен редослед.

Филтер за гориво

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Апаратот  никогаш  да  не  работи  без

филтер  за  гориво.  Како  последица

на  тоа  може  да  се  појават  тешки

оштетувања на моторот.

1. Извадете  го  целосно  капачето  од

резервоарот.

2. Испразнете  го  останатото  гориво  во

соодветен сад.

3. Извадете го филтерот од резервоарот со

кука од жица.

4. Извлечете  го  филтерот  со  ротирачко

движење.

5. Заменете го филтерот.

Регулирање на сајлите за повлекување

види cлика 9

Сајлите  за  повлекување  на  машината  за

кастрење  се  однапред  фабрички  поставени.

Ако  положбата  на  „велосипедскиот  волан“

многу  се  промени,  може  да  дојде  до

продолжување  на  сајлата  за  повлекување,  а

со тоа, до пречки во функцијата на рачката за

гас.
Ако алатот за сечење на машината не застане

откако ќе ја активирате и отклучите блокадата

за половина гас, сајлата за повлекување мора

да се регулира преку завртката за регулирање

(1)

. Потоа, повторно е овозможено правилното

функционирање на рачката за гас.

ВНИМАНИЕ!
Опасност од повреда на вртливите

алати за сечење!

Дотерувајте  ги  сајлите  за

повлекување само кога моторот е

изгаснат.
Проверете  го  функционирањето

само  додека  машината  за

кастрење е во легната положба.

Наострете го ножот за врвката на конецот

1. Ослободете  го  ножот  за  сечење  од

заштитната табличка.

2. Прицврстете го ножот за сечење на едно

менгеме и изострете го со рамна турпија.

Оглавление инструкции

Инструкции для садовая техника Al-ko

Популярные инструкции Al-ko